Достапни линкови

Филе ќе и го предаде европскиот прашалник на Србија


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во почетокот на идната недела во Белград на српските власти ќе им го предаде прашалникот на Европската Комисија за европските реформи во Србија, врз што ќе биде базирана оценката на комисијата за подготвеноста на оваа земја да добие статус кандидат за членство во Европската Унија. Ова Филе го изјави синоќа во Брисел на конференција за Западниот Балкан, додавајќи дека за Србија, покрај спроведувањето на реформите, значаен ќе биде позитивниот пристап за учеството на Косово во регионалната трговија и соработка. Мора да биде засилена и соработката со мисијата на ЕУЛЕКС кога станува збор за северот на Косово, истакна Филе.
XS
SM
MD
LG