Достапни линкови

Француската влада на должност до претседателските избори


Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека новата влада, која денеска ќе ја одржи првата седница, ќе остане на должноста до следните претседателски избори, предвидени за пролетта 2012 година. Во интервјуто за три француски телевизии, Саркози синоќа истакна дека повторно го назначил Франсоа Фијон за претседател на владата затоа што тој е премиер кој и е потребен на Франција. Според него, неопходно е да се уверат Французите дека земјата треба да се реформира и прилагоди, а истовремено да има слух за граѓаните кои сакаат државата да остане таква каква што е.
XS
SM
MD
LG