Достапни линкови

logo-print

ОН со поддршка за подготовките на референдумот во Судан


Советот за безбедност на ОН го поздрави почетокот на регистрацијата на избирачите за референдумот за самоопределување на јужен Судан и ги охрабри настојувањата гласањето да се одржи во мирен амбиент и во закажаниот термин- 9 јануари идната година. Во претседателската изјава, која ја прочита шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг, чија земја е актуелен претседавач на Советот, се повикуваат сите страни да го почитуваат исходот на референдумот. Истакнувајќи дека Судан е еден од најважните предизвици со кои се соочуваат ОН, Советот уште еднаш ја потврди својата силна определеност за суверенитет, независност, мир и безбедност на најголемата африканска држава.
XS
SM
MD
LG