Достапни линкови

Бајден: САД во опасност ако не се ратификува СТАРТ


Американскиот потпретседател Џозеф Бајден изјави дека САД можат да бидат во опасност ако новата спогодба за нуклеарно разоружување со Русија СТАРТ не биде ратификувана оваа година. Неуспех во усвојувањето на оваа програма би можел да ја загрози нашата национална безбедност, истакна Бајден, изразувајќи ја готовноста на администрацијата на претсдетелот Барак Обама да работи на усвојување на спогодбата во Сенатот до крајот на годинава. Претходно републиканскиот сенатор Џон Кил изјави дека ратификацијата не може да се случи пред 2011 година. За ратификување на СТАРТ во Сенатот се потребни гласовите на две третини од вкупно 100 сенатори.
XS
SM
MD
LG