Достапни линкови

Обама одликува жив војник, прв пат по 37 години


Американскиот претседател Барак Обама го одликува со Орден на честа еден војник за херојско дело за време на војната во Авганистан. Наредникот Салваторе Џунта е првиот жив војник од 1973 година на кого му е доделено ова највисоко воено признание. Орденот, кој се доделува од 1863 година, Џунта го доби бидејќи во октомври 2007 година спасил двајца американски војници од заседа на Талибанците. Ова признание во последните 147 години е доделено околу 3 илјади и 500 пати, најчесто постхумно.
XS
SM
MD
LG