Достапни линкови

Канада од идната година само ќе обучува во Авганистан


Канада во идната година ќе ги повлече борбените трупи од Авганистан и таму ќе останат само офицери и војници за обука, соопшти владата во Отава. Од 2011-та до 2014-та година Канаѓаните ќе бидат само дел од НАТО мисијата за обука. Сегашниот канадски контингент во Авганистан има 2 илјади и 800 војници и офицери, чија база е во опасната јужна провинција Кандахар. Од почетокот на војната во таа земја, загинале повеќе од 150 Канаѓани.
XS
SM
MD
LG