Достапни линкови

Милошоски: Дипломати од една земја ни го избришаа „македонски“ од личната карта во ОН


Факт е дека во последниве два-три дена дипломати на една земја членка на ОН се обидуваа на субверзивен начин да му наштетат на македонскиот национален идентитет и неовластено да го избришат термнинот „македонски“ од базата на податоци на ОН. Со координирана дипломатска и политичка акција, е повторно вратен во графата и со овој потег сметам дека македонскиот јазик добива дополнителна потврда во рамките во ОН, со што можеме да им бидеме условно кажано и благодарни на некои националистички ориентирани дипломати кои свесно или несвесно ја помагаат промоцијата на македонските национални обележја во рамките на светската организација.Ова денеска во Брисел го изјави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој е дел од македонската делегација што учествува на конференцијата „Западниот Балкан во срцето на Европа“.
XS
SM
MD
LG