Достапни линкови

Корупциска истрага во Русија, осомничена сопругата на поранешен функционер


Русија отвори истрага за нелегално стекнато земјиште во Москва во која главен осомничен за кривичнот дело е сопругата на поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков, Јелена Батурина.Неодамна рускиот претседател Дмитри Медведев го разреши Лужков од градочалничката фотеља по поминати 18 години во неа. Сопругата на Лужков која е директор на градежна фирма што е вклучена во истрагата, е една од најбогатите жени во Русија. Таа и нејзиниот сопруг честопати во изминатите две децении застанеле пред лицето на правдата соочувајќи се со разни обвинувања за корупција и злоупотреби кои до разрешувањето на Лужков од фунцијата, биле отфрлани.
XS
SM
MD
LG