Достапни линкови

Јанукович го разреши градоначалникот на Киев


Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска го отпушти градоначалникот на Киев, Леонид Черноветски, без да ги соопшти причините за разрешувањето. Претседателот Јанукович на негово место за градоначалник го именува Олександар Попов. Според украинскиот закон Черноветски ќе може да ја задржи функцијата претседател на градскиот совет до крајот на мандатот. Јанукович е во постојано консолидирање на власта, а Черноветски во минатото застана на страната на прозападниот поранешен претседател Виктор Јушченко.
XS
SM
MD
LG