Достапни линкови

Разоткриен меѓународен канал за криумчарење на мигранти


Македонското министертвото за внатрешни работи соопшти дека е разоткриен меѓународен канал за кримучарење на мигранти. Откриена е десетчлена меѓународна група составена од 7 македонски држвајани кои се уапсени и тројца странци од кои еден Авганистанец и двајца Палестинци, кои се во бегство. Новинските агенции јавуваат дека членовите на групата за пренесување на мигрантите низ Македонија и Србија наплатувале по 500 евра од човек, додека цената за илегален транспорт од Грција до Унгарија изнесувала од 2500 до 3 илјади евра. Против членовите на групата се поднесени кривични пријави за криумчарење имигранти.
XS
SM
MD
LG