Достапни линкови

Двајца Германци обвинети за шпионажа во Иран


Иранскиот суд соопшти дека двајцата Германци, кои се уапсени во Иран при обид да направат интервју со синот на Иранката што е осудена на смртна казна со каменување, се обвинети за шпионажа. Двајцата Германици се уапсени пред еден месец додека го интервјуирале синот на Сакине Мохамади Аштиани, обвинета за прељуба.
Потпаролот на министерството за надворешни работи, Рамин Мехманпарас изјави тие ќе бидат задржани се додека не заврши правната процедура.
Германците имале туристичка виза и немале дозвола да се занимаваат со новинарски активности.
Според новинската агенција Фарс, еден од Германците соработувал со иранскиот десидент Мина Ахади која е во егзил.
XS
SM
MD
LG