Достапни линкови

Иран почна со воени вежби за одбрана на нуклеарните централи


Иран денеска почнува со пет дневни воздушни воени вежби за да ги тестира своите одбранбени способности во случај на можни напади врз нуклеарните објекти, јавува државната иранска телевизија. Генералот Ахмад Мигхани, шеф на единицата за воздушна одбрана, изјави дека со овие воени вежби ќе се унапредат борбените способности на иранскиот одбранбен воздушен систем.
Годинава , Иран неколку пати одржа воени вежби во близина на нуклеарните централи.
XS
SM
MD
LG