Достапни линкови

Фуере: Треба да се работи врз слабостите


Забелешките нотирани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, треба да се прифатат и да се работи врз нивно отстранување, а не да се минимизираат. Ова го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, денеска во Скопје.
Фуере одговарајќи со анегдота на прашањето за исчезнувањето на терминот „македонски“ во Извештајот , рече дека ова прашање за државниот јазик беше содржано во сите минати извештаи и никогаш досега немало реакција за тоа. Тој вели дека за „нас државниот јазик е македонскиот, можеби за 20 години ќе стане и албанскиот, српскиот или ромскиот кој знае. Во Јужна Африка има 11 службени јазици , со што се признаваат сите различни заедници.“
XS
SM
MD
LG