Достапни линкови

Иран и ЕУ со договор за датумот на преговорите


Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека Иран го прифатил датумот на следната рунда преговори за неговата нуклеарна програма, но не и местото каде тие би се одржале. Претходно шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон му предложи на Техеран преговорите да се одржат на 5 декември во Виена или во Женева. Иран преферира тие да се одржат во Истанбул. Официјален Техеран и денеска повтори дека не сака разговорите да бидат фокусирани врз меѓународните барања за прекин на збогатувањето ураниум.
XS
SM
MD
LG