Достапни линкови

Македонскиот јазик вратен во регистарот на ОН


Македонскиот јазик од синоќа повторно е вратен во личната карта за Македонија во регистарот на Обединетите нации. Терминот македонски во минатата недела исчезна од графата по што реагираше министерството за надворешни работи и македонската мисија во ОН. Од кабинетот на генералниот секретар Бан Ки Мун беше добиено уверување дека Светската организација останува на своите принципи и почитување на воспоставената практика во однос на употребата и именувањето на македонскиот јазик.
XS
SM
MD
LG