Достапни линкови

Тајланд го екстрадира рускиот шверцер со оружје


Талјандската влада се согласи да го екстрадира рускиот шверцер со оружје Виктор Бут во Соединетите држави каде што е обвинет за тероризам. Веднаш по оваа одлука Бут, како што јавуваат некои агенции, со специјален американски авион заминал од Тајланд. За Бут се смета дека е еден од најголемите дилери со оружје во светот. Тој во 2008 година беше уапсен во Бангкок. Неговиот случај доведе до дипломатски тензии меѓу Москва и Вашингтон.
XS
SM
MD
LG