Достапни линкови

logo-print

Авганистан бара бришење на 10 Талибанци од „црната листа“ на ОН


Авганистанските власти бараат од Советот за безбедност на ОН да ги отстрани имињата на десет членови на Талибанците, кои се наоѓаат на нивната „црна листа“. Авганистанскиот амбасадор во ОН, Захир Танин изјави дека таквиот чекор ќе помогне во иницијативата за постигнување на мир во земјата. Во меѓувреме, талибанскиот лидер Мула Мохамед Омар негираше дека тие се отворени за мировни преговори со авганистанските власти.
XS
SM
MD
LG