Достапни линкови

logo-print

Расмусен: Не очекувам брзо решавање на спорот со името


Не очекувам брзо решавање на спорот со името до претстојната средба на врвот на НАТО во Лисабон. Проблемот се уште не е решен и не очекувам земјата да биде поканета за членство во Алијансата. Ова го изјавил генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на прес конференција денеска во Брисел, пренесуваат дел од македонските медиуми.
Тој додаде дека останува во сила позицијата на НАТО донесена на Самитот во Букурешт дека преговори за членство може да почнат откако земјата ќе го реши билатералниот спор со Грција.
XS
SM
MD
LG