Достапни линкови

Рикер: Членството на Македонија во НАТО зависи од вас


Проширувањето на НАТО нема да биде приоритет на претстојниот Самит на алијансата во Лисабон. Главни теми ќе бидат ангажманот во Авганистан, редефинирањето на односите на НАТО со Русија и релациите на САД и Европската Унија. Ова го изјави американскиот амбасадор Филип Рикер на дебатата насловена „македонското членство во НАТО и Лисабонскиот самит“, денеска во Тетово.
Тој додаде дека членството на Македонија во НАТО зависи како што вели „од вас самите“ и истакна дека САД работи и со Македонија и со Грција за изнаоѓање на компромисно решение за името и за работите да не се коплицираат повеќе од тоа што се. На дебатата во Тетово присуствуваше и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој вели дека бара од меѓународната заедница да помогне во надминувањето на спорот со името и да се пристапи кон НАТО, но доколку и двете земји се емотивни , тогаш тешко дека набрзо ќе се договорат.
XS
SM
MD
LG