Достапни линкови

Папандреу ја обвинува Германија за покачувањето на каматите


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја обвини Германија за, како што вели, ставот со кој создаде спирално зголемување на каматите за земјите кои се во тешка позиција како Ирска и Португалија. Папандреу на собирот на европските социјалистички партии во Париз изјави дека германскиот став е „како на човек кој носи тежок товар да му кажете да стави уште поголем товар на својот грб“. Грчката влада денеска се обврза дека од 2014-та година ќе го исполни ветувањето кон Европската Унија и ќе го смали буџетскиот дефицит до 3 отсто од бруто домашниот производ.
XS
SM
MD
LG