Достапни линкови

Ангелов поднесе кривична пријава против Јанкуловска


Претседателот на здружението на бранителите „Достоинство“ Стојанче Ангелов изјави дека поднел кривична пријава за клевета до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Ангелов ја тужи Јанкуловска поради нејзината изјава дека против него е изречена правосилна пресуда.
Во писмената реакција на министерката Јанкуловска се вели дека срамно и нелогично е криминалот и кривичните дела да се третираат како „смешни“ посебно доколку се санкционирани со осудителни пресуди. Во продолжение на соопштението е наведено дека на Ангелов му е потребно медиумско внимание но ниту таа ниту ни МВР нема да му помогнат Ангелов да изгради политичка кариера.
XS
SM
MD
LG