Достапни линкови

logo-print

Брамерц: Дојдов да видам зошто не е уапсен Младиќ


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц изјави денеска дека во Белград притигнал за да види зошто Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ се уште не се уапсени. Тој додаде дека апсењето на Младиќ е „приоритет број еден и за трибуналот и за жртвите“. По средбата со српскиот обинител за воени злостортва Владимир Вукчевиќ, Брамерц изјави дека е задоволен од соработката со Србија во однос на обезбедување на сведоци и достапност на архивите и документите. Советот за безбедност на Обединетите Нации на 6-ти декември ќе го разгледува извештајот за соработката на Србија со Хашкиот Трибунал.
XS
SM
MD
LG