Достапни линкови

logo-print

Еуростат:Грција нема да успее да го намали дефицитот


Еуростат соопшти дека грчкиот буџетски дефицит за 2009-та и нивото на задолженост на земјата се далеку поголеми од она што до сега се проценувало. Во соопштението се наведува дека е малку веројатно оти Грција ќе ги исполни целите и задачите од договорот што го потпиша со Унијата за спас од банкрот.
Минатогодишниот буџетски дефицит изнесува 15,4 проценти од брутодомашниот производ, додека статистичката агенцијата на Европската Унија проценила дека ќе изнесува 13,6 проценти.
Според оваа ревизија, агенцијата заклучила дека Грција нема да успее до крајот на годинава да го смали дефититот до планираните 8,1 отсто од бруто домашниот производ.
XS
SM
MD
LG