Достапни линкови

Ирска разговара за должничката криза со ЕУ


Ирска потврди дека разговара со членките на Европската Унија како да се справи со должничката криза. Таа негира дека е во преговори, за да добие парична помош од фондот на Унијата за итни случаи. Во јавноста се појавуваат стравувања дека Ирска е следната земја од еврозоната која ќе треба да се извлекува од кризата а со тоа повторно се поткопува вредноста на еврото. Во светските медиуми се појавија информации дека европските партнери ја притискаат Ирска да побара финансиска помош во вредност од 80 милијарди евра со цел да се зачува стабилност на Еврото, Ирска ваквите тврдења ги оцени како „ Фикција“. Се очекува Ирската должничка криза да биде дел од темите за кои ќе разговараат министрите на ЕУ на утрешниот состанокот во Брисел.
XS
SM
MD
LG