Достапни линкови

Прекин на преговорите - (не)реалност?


Од Обеденетите Нации ветување дека ќе ја поправат грешката со исчезнување на македонскиот јазик
Од Обеденетите Нации ветување дека ќе ја поправат грешката со исчезнување на македонскиот јазик

ОН ќе ја поправи грешката со исчезнувањето на македонскиот јазик. По скандалот, МНР негира прекин на преговорите.

Грешката со исчезнувањето на македонскиот јазик од графата на Обединетите нации ќе биде поправена во најскоро време. Ваква гаранција до македонските власти им упатил генералниот секретар на оваа организација Бан Ки-Мун. Од Министерството за надворешни работи велат дека се работи за пропуст на службите во организацијата и оти Мун им ветил дека во иднина повеќе ќе внимаваат. По овој скандал, од МНР негираат дека власта размислува за привремен прекин на преговорите со Грција.
Фрустрациите не треба да преовладуваат во овој момент во Македонија, значи ако се води инает, ако се пристапи на начин на правење на непријатели, непријателско градење на односи, тоа ќе биде многу штетно за Македонија.

Според упатените, пак, се работи за сериозна грешка и слабост на нашата дипломатија. Но, шпекулациите за евентуален прекин во преговорите со Грција, според експертите би било поразително за земјава.

Според експертите за Македонија би било штетно прекинување на преговортите со Грција

„Фрустрациите не треба да преовладуваат во овој момент во Македонија, значи ако се води инает, ако се пристапи на начин на правење на непријатели, непријателско градење на односи, тоа ќе биде многу штетно за Македонија, не само Македонија туку било која држава не може да си дозволи да се само изолира дури и ако во одреден момент кон неа се прават одредени неправди“, вели политичкиот аналитичар Артан Садику.

Според професорот Димитар Мирчев барањата за евентуален прекин на преговорите не се реални. Неговиот став е дека треба да продолжи македонско-грчкиот дијалог, но истовремено на дипломатски начин да се побара објаснување во меѓународната заедница за новонастанатата ситуација.

„Ние мора да продолжиме со разговорите со нашиот јужен сосед и не верувам дека се толку гласни тие барања или дека имаат поширока поддршка.“
Ние мора да продолжиме со разговорите со нашиот јужен сосед и не верувам дека се толку гласни тие барања или дека имаат поширока
поддршка.


Оваа промена се совпаѓа со бришењето на македонскиот јазик и во годинашниот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја. Тому тоа е она што повеќе го загрижува Мирчев.

„Мислам дека многу позначајна е ситуацијата во Европа, во ЕУ, бидејќи не се работи само за името на јазикот туку за признавањето на македонското потекло на производите што е директно врзано со нашиот извоз, со нашата трговска размена со многу земји членки на Унијата и слично.“

Според експертите, Македонија не смее да си ја дозволи улогата на жртва во овој процес. Токму сега, додаваат тие, таа треба да се постави како рамноправен партнер со меѓународната заедница и како еднаков партнер во преговарачкиот процес со јужниот сосед.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG