Достапни линкови

Нови инциденти во Авганистан, 20-тина загинати


9-мина припадници на безбедносните сили и 7-мина талибанци загинале во денешната престрелка во северен Авганистан. Според шефот на полицијата во провинцијата Кундуз, до престрелката дошло кога талибански бунтовници нападнале една полициска станица. Во меѓувреме, НАТО силите соопштија дека 5-мина војници биле убиени вчера во напад во источниот дел на Авганистан, но други детали не се соопштени. Во одвоен инцидент, двајца војници на НАТО настрадале од експлозија на југот на Авганистан.
XS
SM
MD
LG