Достапни линкови

Иран почна да симулира вистински борби


Иран денеска соопшти дека годинава извршил неколку воени вежби во близина своите нуклеарни објекти. Командантот на Револуционерната гарда Ахмад Мигати изјави за новинската агенција Мехр дека вежбите личеле на вистински борби.
Иран претходно соопшти дека успеале да создаат своја верзија на рускиот ракетен систем „С 300“ и дека наскоро ќе го тестираат. Москва одби да и го испорача ракетниот систем на Техеран поради усогласување со санкциите на Обединетите Нации врз Иран.
XS
SM
MD
LG