Достапни линкови

Нова Демократија оддржа протест во Скопје против пописот во април


Албанската партија Нова демокартија пред Собранието во Скопје оддржа протести против престојниот попис барајќи наместо во април да се оддржи во летниот период. Тие сметаат дека доколку пописот се спроведе напролет многу припадници на албанската заедница кои работат надвор од Македонија нема да бидат опфатени со пописот
Претседателот на партијата, Имер Селмани побара од пратениците на ДУИ за кои, како што вели, „бидете еднаш мажи и не гласајте како што ви наредиле Никола Груевски и Али Ахмети“. Потпаролот на ДУИ, Ермира Мехмети изрази жалење што Нова Демократија се служи со методи како бојкот и уцена затоа што, како што вели токму со бојкот ќе се загрози вистинската слика за процентуалната застапеност на населението во Македонија.
XS
SM
MD
LG