Достапни линкови

logo-print

Над 900 луѓе умреле од колера во Хаити


Министертвото за здравство на Хаити соопшти дека во земјата до сега умреле над 900 луѓе заболени од колера. Само во последните 3 дена на болеста и подлегнале 120 луѓе. Во соопштението е наведено дека се регистрирани и првите случаи на заразени со колера во главниот град на Хаити каде луѓето се уште живеат во кампови во лоши услови по разорниот земјотрес кој ја погоди земјата на почетокот на годинава.
XS
SM
MD
LG