Достапни линкови

Сомалиските пирати по една година ослободија британски брачен пар


Сомалиските пирати денеска ослободиле британски брачен пар кој пред повеќе од една година бил киднапиран додека пловел со својата јахта во Индискиот Океан. По 388 дена поминати како заложници во Амра, место во централниот дел на Сомалија брачниот пар е предаден на сомалиските власти во близина на границата со Етиопија.
Новинските агенции јавуваат дека британската двојка , Пол и Рејчел Чендлер изгледаат уморно но среќно.
Пред една година пиратите бараа 7 милиони долари за да ги ослободат.
Според неофицијални информции, на пиратите им е платено мал дел од откупнината, кој го собрал семејството Чендлер без помош од британската влада.
XS
SM
MD
LG