Достапни линкови

Нобеловката од Мјанмар ќе се бори за демократија


Продемократскиот опозициски лидер во Мјанмар, нобеловката Аунг Сан Су Ки денеска го оддржа својот прв говор откако е ослободена од неколкугодишниот домашен притвор.
Лидерот на Националната лига за демократија изјави дека сака да соработува со сите демократски сили и дека ќе работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните во земјата.
Таа додаде дека не чуствува омраза кон оние што ја затвориле, затоа што верува во човекови права и владини права.
XS
SM
MD
LG