Достапни линкови

Над 2 милиона муслимани тргнаа кон Мека


Над два милиона муслимани денеска тргнаа кон светиот град Мека во Саудиска Арабија, на првиот ден од аџилакот. Властите соопштија дека на 1,7 милиони муслимани им дале виза, а се проценува оти над 2,5 милиони верници ќе учествуваат во аџилакот. Се очекува над 200 илјади верници од Саудиска Арабија да пристигнат во Мека.
До сега аџилакот се одвива без инциденти, но министерот за внатрешни работи, принцот Најеф бин Абдул Азис изјави дека не може да се отфрли можноста за напад од Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG