Достапни линкови

logo-print

Земјотрес со интезитет од 3,3 степени по Рихтер го потресе Краљево


Српските власти соопштија дека земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Краљево.
Според податоците на Републичкиот сеизмолошки завод, епицентарот на потресот е во регионот на Краљево, град кој се уште се опоравува од разорниот земјотрес со интензитет од 5,4 степени што го погоди пред десетина дена.
Тогаш загинаа две лица, а десетици беа повредени. По разорниот земјотрес на 3 ноември па се до 8 ми следуваа 237 потреси со различен интезитет.
XS
SM
MD
LG