Достапни линкови

Коњановски: Прашање на време е кога Македонија ќе стане член на НАТО


Прашање на време е кога ќе победи принципиелноста над непринципиелноста и кога Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО. Се надеваме дека тој временски период ќе биде многу кус и оти набргу ќе бидеме дел од НАТО затоа штоземјата ги вложува сите напори кои се потребни за да биде полноправна членка на Алијансата. Ова го изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски во интервју за новинската агенција МИА. Тој додава дека Македонија е подготвена да го надминие и последниот чекор односно спорот со името со Грција, но за да се случи тоа потребно е и друггата страна да биде подготвена на истото.
Коњановски вели дека на Самитот во Лисабон ќе биде разгледуван клучен документ односно новиот стратешки концепт на НАТО а Мкедонија посакува да биде дел од дневниот ред на Самитот односно да се испрати јасна порака дека членството во НАТО е отворен процес.
XS
SM
MD
LG