Достапни линкови

Лидерите на АПЕК се согласија да стават крај на големите економски проблеми


Лидерите на Азиско Пацифичкиот Економски форум се согласија да работат на послободна трговија и да стават крај на протекционистичките мерки кои ги воведоа за време на финанската криза. Лидерите на форумот се договорија да ги стават на страна своите недоразбирања и разлики околу монетарната политика и да искажат посветеност на зголемување на трговската размена и инвестиции.
Лидерите на САД, Кина, Јапонија, Русија и на други регионални економии се согласија дека е потребно да го намалат државниот долг, да се избалансира трговската размена и да се избегнат остри варијации на девизните курсеви.
XS
SM
MD
LG