Достапни линкови

Карзаи бара да се намали бројот на воени операции во Авганистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека сака американската војска да гo намали бројот на воените операции во Авганистан, особено ноќните операции, затоа што со тоа, како што вели тој, го поттикнуваат населението да се приклучи кон талибанското востание.
Според Вашингтон пост во последните 3 месеци во ноќни операции, американските специјални безбедносни сили успеале да заробат или убијат вкупно 368 бунтовнички лидери во авганистанските домови.
XS
SM
MD
LG