Достапни линкови

Обама и Медведев се сретнаа во Јокохама


Американскиот претседател Барак Обама на средбата со својот руски колега Дмитри Mедведев истакна дека билатерaлниот договор за намалување на нуклеарното вооружување е договор од „најголем приоритет“. По средбата Обама изјави дека ратификувањето на договорот може да помогне во намалувањето на тензиите и подобрувањето на соработката на НАТО и Русија како и околу европските безбедносни прашања.
Двајцата лидери денеска се сретнаа на маргините на Aзиско- Пацифичкиот Eкономски форум во Јапонија. Новиот договор за намалување на нуклеарното оружје за 30 проценти, кој двајцата лидери го потпишаа во април сега треба да помине во амерканскиот Сенат.
На средбата лидерите разговарале и за контроверзната нуклеарна програма на Иран и како што вели Обама дека „се согласуваат околу тоа како да продолжат во односот на таа тема“.
Обама додаде дека разговарале и за учеството на Медведев на Самитот на НАТО во Лисабон наредната недела.
XS
SM
MD
LG