Достапни линкови

logo-print

Русија и Бугарија потпишаа договор за бугарскиот дел на Јужен тек


Русија и Бугарија денеска потпишаа договор за создавање на заедничка компанија за изградба и управување со бугарскиот дел од гасоводот Јужен Тек. Договорот во Софија го потпишаа шефот на Газпром Алексеј Милер и извршниот директор на бугарската компанија Маја Христова. На заедничката прес конференција по потпишувањето на договорот, рускиот премиер Владимир Путин изјави дека Бугарија ќе добие од Русија околу 600 милиони евра за транзит на рускиот гас до други земји. Тој додаде дека ако се реализира проектот Јужен Тек, Бугарија ќе добива годишно 2,5 милијарди евра за тоа што на нејзина територија лежи гасовод. Путин истакна дека потпишувањето на ваков договор е важен чекор во реализација на билатерална соработка.
XS
SM
MD
LG