Достапни линкови

Социјално незадоволство во Германија


Десетици илјади луѓе низ градовите на Германија демонстрираат против владината политика и социјалната нееднаквост во земјата. Демонстрантите маршираа во Штутгард, Дортмунд, Нинберг и Ерфурт, изразувајќи незадоволство од коалицијата на Канцеларката Ангела Меркел и од нејзиното финансиско водење на државата, јавуваат новинските агенции.
Протестите се одржуваат на еден ден пред годишниот конгрес на Демохристијанската партија на Меркел каде ќе бидат разгледувани случувањата во земјата и знаците на нервоза кои ги покажува членството и симпатизерите на партијата.
XS
SM
MD
LG