Достапни линкови

logo-print

Чеченски шпиони оперираат низ Германија


Шпиони што работат за чеченскиот претседател Рамзан Кадиров оперирираат во Германија и се обидуваат да ги замолчат протераните чеченски дисиденти, објавува германскиот магазин Шпигел. Според австриската полиција, човек со руско државјанство телефонски му се заканувал на еден чеченски дисидент. Протераните наводно биле повикувани да се вратат во Чеченија. Претседателот Кадиров кој е подржан од Русија често е обвинуван за прекршување на човековите права. Австрија ги испитува обвинетите агенти, откако лани во Виена беше убиен чеченскиот дисидент Умар Исраилов. Судењето против двајцата обвинети за неговото убиство почнува наредната недела во Виена.
XS
SM
MD
LG