Достапни линкови

Црвенковски: Одлуката јас ја донесов и око не ми трепнува


Ангажирањето словенечки експерт е чисто како солза,одлуката јас ја донесов, зад неа јас стојам. Таа е законски чиста и од тој аспект-Око не ми трепнува за се што се случува. Ова го изјави денеска во Скопје лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за обвинувањата околу аферата „ Надеж“. Црвенковски додаде дека изјавите на претседател на Анти корупциска комисија Илми Селами ги толкува како ноторна лага затоа што како што вели ниту тој ниту кој било друг во име на СДСМ не извршил притисок врз Антикорупциската комисија или кон нејзин член. Toj упати порака до обвинителството и судството да не влегуваат во политички сценарија и да не подлегнуваат на притисоци.
XS
SM
MD
LG