Достапни линкови

„ АРМ мој вистински дом“ нова причина за препукување на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ


Самостојниот синдикат на вработените во одбрана денеска го обвинија градоначалникот на општина Карпош дека одбива да се сретне со нив за да се договорат околку урбанистичкиот план за становите за припадниците на АРМ.
Советниците од општина Карпош од редовите на ВМРО ДПМНЕ излегоа со стенограми со кои тврдат дека градоначалникот Стевче Јакимовски намерно го блокира проектот „АРМ мој вистински дом“.
Јакимовски на обвинувањата одговори дека само во Скопје има 480 станови во сопстеност на Владата и оти би можеле тие да им бидат дадени на припадниците на АРМ и јавно го праша министерот за одбрана Зоран Коњановски колку партиски војници се диво вселени во тие станови. Јакимовски додаде дека ги поддржува проектите кои се во интерес на припдниците на АРМ.
Во писмената реакција на Министерството за одбрана се вели дека Јакимовски неуспешно се обидува да манипулира со припадниците на АРМ и дека тој го кочи проектот, префрлајчи ја вината на други.
XS
SM
MD
LG