Достапни линкови

logo-print

Путин и Прванов ќе потпишат договор за бугарскиот дел од гасоводот Јужен Тек


Бугарската влада соопшти дека денеска ќе потпише договор со Русија за основање на заедничка компанија за изградба и управување со бугарскиот дел од гасоводот Јужен Тек. Договорот треба денеска во Софија да го потпишат Рускиот премиер Владимир Путин и бугарскиот претседател Георги Прванов. Гасоводот кој ќе поминува низ Бугарија треба да започне со работа најдоцна до 2015-та година и преку него ќе се снабудаат Бугарија и другите европски земји со руски гас. Низ Бугарија треба да помине уште еден дел од гасоводниот проект „Набуко“ кој го градат САД и ЕУ. Бугарските власти соопштија дека и двата проекта ќе бидат навреемно завршени.
XS
SM
MD
LG