Достапни линкови

Турција сака да преговара со Јапонија за изградба на нуклеарна централа


Турскиот министер за енергетија денеска изјави во Анкара дека Турција ќе и предложи на јапонска компанија за започнат преговори за изградба на нуклерна централа откако се покажаа неуспешни преговорите со Јужна Кореја. На маргините на самитот на Г-20 во Сеул, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Јужна Кореја Ли Мун-бак разговараа на оваа тема, но не успеаја да ги надминат несогласувањата околу проектот.Турскиот министер Јилдиз претходно изјави дека несогласувања со Јужна Кореја се однесуват на тоа која земја ќе ја преземе контролата врз проектот, со оглед на тоа што и двете сакаат да имаат мнозински дел од сопственичкиот пакет.
XS
SM
MD
LG