Достапни линкови

Нобеловката Аунг Сан Су Ки повика на единство


Продемократскиот лидер Аунг Сан Су Ки, набрзо по ослободувањето, им се обрати на стотиците подржувачи собрани пред нејзиниот дом и повика на единство. Нобеловката Аунг Сан Су Ки беше во домашен притвор речиси 15 години. Нејзиното ослободување е очекувано по изборниот процес во Мјанмар. Меѓународната заедница долго време и укажуваше на владечката хунта дека ослободувањето на нобеловката ќе биде првиот чекор кон симнувањето на санкциите спрема Мјанмар. Западните влади го поздравија ослободувањето на Су Ки.
Американскиот претседател Барак Обама ја нарече Су Ки „ мој херој“ и изјави дека е крајно време владечката хунта во Мјанмар да ги ослободи сите политички затвореници.
Високиот комесар за човекови права во Обединетите нации, Мави Пилај изјави дека со овој потег Мјанмар покажува дека е подготвен да се соочи со предизвикот за демократска тразниција.
XS
SM
MD
LG