Достапни линкови

Нобеловката од Мјанмар, Аунг Су Ки ослободена од домашен притвор?


Неименуван преставник на Владата на Мјанмар изјавил дека про-демократскиот лидер Аунг Сан Су Ки е ослободена од домашен протвор и оти се остранети барикадите околу нејзината куќа . Се наведува дека тоа се очекувало со оглед на изборниот процес на Мјанмар. Су Ки, која е добитник на Нобелова награда за мир, во изминативе 21 година во домашен притвор мина 14 години. Меѓународната заедница долго време и укажува на владеачката хунта дека ослободувањето на Су Ки е прв чекор кон симнување на меѓународните санкции спрема Мјанмар.
XS
SM
MD
LG