Достапни линкови

logo-print

САД, Кина и Јапонија се заложија за послободна трговија


Лидерите на трите најголеми светските економии, американската, кинеската и јапонската се согласија за натамошна промоција на слободната трговоја. Зборувајки на самитот на АПЕК, кинескиот Претседател Ху Џинтао се противстави на сите облици на протекционизмот. Ху Џинтао изјави дека Кина сака да ја зголеми домашната побарувачка но дека промените ќе дојдат постепено. Американскиот Претседател Барак Обама од своја страна побара азиските пазари да се отворат за странски извоз. Тој изјави дека земјите како Кина и Јапонија треба да престанат да го базираат својот економски растеж врз извозот во Америка, која и самата бара начини да го зголеми сопствениот извоз.. Самитот на АПЕК доаѓа по состанокот на Г 20 во Јужна Кореја, на кој лидерите на 20 те свестки економии се согласија да одбегнуваат конкурентска девалвација на нивните валути.
XS
SM
MD
LG