Достапни линкови

logo-print

Нацоски со носач на звук во Италија


Како издание на дискографската куќа МР-КЛАСИКС од Рим, се појави албумот со праизведби на дела од италијанскиот композитор Флавио Колусо, на кои со својот глас доминира македонскиот тенор Благој Нацоски.

Снимките од светската премиера на делата Те деум и Кантатата за тенор, хор и оркестар Скриената хармонија на различни убавини од Флавио Колусо, одржана на 30 декември 2008 година во црквата Свети Андреа дела Вале во Рим, инаку напишани и посветени на славниот италијански композитор Џакомо Пучини за 150 годишнината од неговото раѓање, деновиве се најдоа на носач на звук што го објави дискографската куќа МР-КЛАСИКС. Она што е интересно за нас е што на нив со својата изведба воодушевува македонскиот оперски пејач Благој Нацоски.
Се радувам што тоа е праизведба на тие дела, значи доколку овие дела се најдат во едно високо место во музичката литература, тоа само историјата ќе го покаже, ќе бидам среќен што јас ќе бидам и првиот изведувач на тоа дело

,,Се радувам што тоа е праизведба на тие дела, значи доколку овие дела се најдат во едно високо место во музичката литература, тоа само историјата ќе го покаже, ќе бидам среќен што јас ќе бидам и првиот изведувач на тоа дело."

Ова е четврти носач на звук и слика на Нацоски по двете дивидија за ДОЈЧЕ ГРАМОФОН и ТДК и албумот за ДИНАМИ, а тој иако потенцира дека не би сакал да се истрчува со најавите за следните објави знае да каже:

,,Сакам во иднина да снимам едно самостојно CD и тоа поможност со македонски оркестар, меѓутоа за странска дискографка куќа, тоа би значело промоција и на еден од нашите оркестри. Би требало наскоро да излезе уште едно DVD тоа е од ,,Дон Џовани" што го снимив во Токио минатата година и како што реков претходно не би ги откривал сите мои планови на тоа поле."

Нацоски од Италија, како лулка на операта, цели 12 години трпеливо ја гради својата интернационална кариера, па така по деби настапите за големи продукции во САД, Канада и во Јапонија, повторно се враќа во Острава, Чешка, па заминува во
Сакам во иднина да снимам CD и тоа поможност со македонски оркестар, меѓутоа за странска дискографка куќа, тоа би значело промоција и на еден од нашите оркестри
Франција.

,,Ќе дебитирам исто така за прв пат и на оперските сцени во Франција, во меѓувреме имам еден голем концерт токму во Рим."

Сепак, Нацовски не ги заборава ни љубителите на операта во татковината па затоа вели:

,,Преговарам со МОБ бидејќи би сакал да настапам во нивната поставка на ,,Љубовниот напиток". Можно е да настапам и на следните Мајски оперски вечери и доколку биде поставена опера во која што ќе има улога за мојот глас."
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG