Достапни линкови

logo-print

15 пријави за тепачките во Велес


Петнаесет кривични пријави за тепачките ,,заработија" средношколци од Велес. Насилството меѓу младите, ,,аларм" за потребата од подлабока анализа и мерки за работа со младината.

Тројца средношколци завршија на лекување во хирушкото оделение на градската болница. Се погласно во училиштата се поставува прашањето што се случува меѓу средношколците за крвнички да се претепуваат? Педагошко психолошките служби во училиштата ја засилија работата со учениците, но на теренот резултатите не се чуствуваат, мала искра е потребно за да се распламти оган меѓу средношколците. Крајно време е да се преземат радикални мерки, вели магистер Македонка Виларова ако сакаме малолетничкото насилство да не не удри како бумеранг.
Светиот триаголник, родител-училиште-Центар за социјални работи, надополнето со соработката со полицијата се единствените институции кои мора да влијаат врз средношколците. Ако сега не се преземат соодветни мерки од тепачките повредени ќе бидат и учениците, но и родителите

,,Светиот триаголник, родител-училиште-Центар за социјални работи, надополнето со соработката со полицијата се единствените институции кои мора да влијаат врз средношколците. Ако сега не се преземат соодветни мерки од тепачките повредени ќе бидат и учениците, но и родителите", стои во студијата на магистер Виларова која е доставена до полицијата и училиштата.

Во хемиското средно училиште „Димитрија Чуповски“, од каде има натепано ученици, но и од каде се дел од тепачите, родителите, наставниците и полицијата одржаа средба. Но, решение како да се надмине проблемот ненајдоа. Родителите сметаа дека додека децата се во училиште безбедноста е обврска на самото училиште. Не се согласуваат да финансираат во поставување на видео надзор кој ќе евидентира се што се случува. Затоа директорката Валентина Јовева ги повика родителите почесто да бидат присутни во самото училиште.

„Тука вратите се постојано отворени, секој родител кој што сака соработка. Од пред еден месец инициравме и на Совет на родители формирање на работилници на некој начин да ги вклучиме во воспитно образовниот процес, да бидат присутни на некој начин да ни помагаат и на некој начин да живеат со своите деца во ова училиште Затоа што колку е поголемо нивното присуство толку побрзо ќе се решат проблемите во училиштето кои ги имавме и сеуште ги имаме."

вели директорката на Хемиското училиште Валентина Јовева. По петнаесете кривични пријави веќе работи Обвинителството, дали можеби изречените судски казни ќе бидат поука за средношколците ќе се знае по неколу месеци. До тогаш останува педагошките служби засилено да работат, а полицијата да биде поприсутна во училишните дворови.
XS
SM
MD
LG