Достапни линкови

logo-print

АПЕК - САД предупредија на извозот, Кина ветува реформи


Американскиот Претседател Барак Обама денеска во Јокохама каде се одржува самит на АПЕК изјави дека земјите како Кина и Јапонија треба да престанат да го базираат својот економски растеж врз извозот во Америка, која и самата бара начини да го зголеми сопствениот извоз.
Кинескиот Претседател Ху Џинтао пак во обраќањето на самитот изјави дека Кина сака да ја зголеми домашната побарувачка но дека промените ќе дојдат постепено. Тој исто така напомна дека Пекинг останува посветен на промената на курсот на валутите на контролиран и постепен начин.
Самитот на АПЕК доаѓа по состанокот на Г 20 во Јужна Кореја, на кој лидерите на 20 те свестки економии се согласија да одбегнуваат конкурентска девалвација на нивните валути.
XS
SM
MD
LG